Почеток МАКЕДОНИЈА Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024

Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за Македонија за 2024 година на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, на претседателот на Собранието Африм Гаши и на премиерот Христијан Мицкоски, информираат од Делегацијата на ЕУ во земјава.

Копиите од Извештајот, Рокас, како што е најавено, утре ќе ги предаде и до претседателот на Врховниот суд Беса Адеми.

Прес-конференција за презентација на Извештајот за Македонија за 2024 година ќе одржат евроамбасадорот Рокас и министерот за европски прашања Муртезани во петок во зградата на Владата.

Во наредниот период пакетот ќе биде претставен и во Собранието на Македонија, како и пред граѓански организации.

Откако „Пакетот за проширување“ денеска беше усвоен од страна на Колеџот на комесари, тој официјално ќе биде презентиран на прес-конференција во Брисел од страна на високиот претставник за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

The post Евроамбасадорот Рокас денеска ќе ги предаде копиите од Извештајот за напредокот на Македонија за 2024 appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro