Кошаркарите на Денвер ја започнаа новата сезона со два порази и две победи, а нивниот најдобар играч, Србинот Никола Јокиќ, брилира на теренот, па навивачите сосема очекувано сметаат дека токму тој повторно ќе биде МВП на сезоната.
Јокиќ по четири меча има импресивен просек – 32,3 поени, 10,3 скока, 7 асистенции, со 1,3 блокади и 1,7 украдени топки по натпревар.
Во победата на Денвер против Бруклин, Јокиќ забележа нов трипл-дабл со 29 поени (9 од 16 од поле), 18 скока и 16 асистенции. А колку всушност е тоа импресивно, покажува и фактот што тој е само вториот играч кој го завршил натпреварот со ваква статистика. Пред него двапати тоа го направи само Оскар Робертсон, кој ја заврши кариерата во 1974 година. Ваков трипл-дабл не е забележан на паркетот во НБА цели 62 години.
Nikola Jokić joins Oscar Robertson (2x) as the only players in NBA history to record 29+ points, 18+ rebounds, and 16+ assists in a game. pic.twitter.com/z2gse5tI7C
— NBA.com/Stats (@nbastats) October 30, 2024
За Јокиќ ова беше седми натпревар во кариерата на кој имаше 25 или повеќе поени во комбинација со 15 или повеќе скока и асистенции.
Исто така, Србинот е првиот играч во историјата на кошарката кој има повеќе од еден трипл-дабл натпревар и повеќе од еден натпревар со 40 поени во првите четири натпревари од сезоната.
Ова беше седми натпревар за Јокиќ со 25 поени, 15 скока и 15 асистенции, со што стана рекордер во НБА лигата, додека покрај Јокиќ (двапати) само Оскар Робертсон имаше 29 поени, 18 скока и 16 асистенции.
Верувале или не, Јокиќ во кариерата има 183 забивања, а 180 пати имал најмалку 10 асистенции на еден меч.