Почеток МАКЕДОНИЈА Исланд бележи раст на економијата – работниците среќни за четиридневната работна недела

Исланд бележи раст на економијата – работниците среќни за четиридневната работна недела

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Економијата на Исланд бележи значителен напредок по воведување на четиридневна работна недела, без намалување на платите, покажува едно неодамнешно национално истражување. Во периодот меѓу 2020 година и 2022 година, 51 отсто од работниците прифати скратено работно време, вклучувајќи и четиридневна работна недела.

Исланд во 2023 година имаше економски раст од 5 отсто, што ја смести земјата во редот на најбрзо растечки економии во Европа. Успехот го следеа и ниска стапка на невработеност која минатата година изнесуваше 3,4 отсто, ниво што е под просекот во развиените европски економии.

Истражувањата покажаа дека продуктивноста останала иста или се подобрила, а благосостојбата на работниците е значително унапредена, вклучително и намалување на стресот и подобрување на балансот меѓу работата и приватниот живот.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), сепак, предвидува забавување на растот во наредните години, што ќе биде последица на намалување на домашната побарувачка и забавување на туристичката потрошувачка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro