Во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје е изработена нова веб-страница на јавното претпријатие „Лајка“, lajka.com.mk.
Од претпријатието информираат дека таа е дизајнирана да го олесни процесот на пријавување на кучиња за третман, вдомување и слично. На неа можат да се запознаат кучињата во „Лајка“, да се прелистаат профилите, фотографиите и видеата на кучиња што се достапни за вдомување за да го најдете совршениот миленик за вас.
-Вдоми куче со еден клик, пополни ја апликацијата и очекувај повик од нашиот тим. Пријавете куче за третман: лесно достапна форма за пријавување на бездомно куче за третман која ќе ви овозможи преку самата страна да ги внесете сите потребни податоци, вклучете се: истражете начини за волонтирање, донирање или привремено згрижување на кучиња, останете во тек: следете ги нашите успешни приказни, настани и едукативни објави – објаснуваат од „Лајка“.