Почеток МАКЕДОНИЈА СТЕФАНОВСКИ: Оцрнувањето на директорот на АНБ најмногу им одговара на тајните служби кои не и мислат добро на државата

СТЕФАНОВСКИ: Оцрнувањето на директорот на АНБ најмногу им одговара на тајните служби кои не и мислат добро на државата

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Оцрнувањето на директорот на тајната служба најмногу може да им одговара на тајни служби кои не и мислат добро на државата и на крајот од денот оцрнувањето на таа институција да дојде до заклучок дека сакаме да ја оцрниме и националната безбедност, изјави за ТВ 24 експертот за безбедност, Милан Стефановски.

-Во делот на сертификатот постојат органи кои ќе утврдат дали станува за фиктивен или оригинален сертификат и од тоа не можеш да избегаш, веројатно тоа е на некој начин е најголемиот проблем. Но знаете ако вие цело време во јавноста потенцирате за сертификат, а не за стручност и професионалност доаѓаме до заклучок дека целта не е само Бојан (Христовски), туку целта е и службата АНБ, истакна Стефановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro