Почеток МАКЕДОНИЈА По која цена приватните превозници ќе го спасуваат јавниот превоз во Скопје

По која цена приватните превозници ќе го спасуваат јавниот превоз во Скопје

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Иницијатива за зголемување на цената на изминатиот километар кај приватните превозници поднесе советничката од Алијанса на Албанците, Макфире Исени до Советот на Град Скопје.

Причина за ова е потребата за подобрување на јавниот градски превоз во градот бидејќи досегашната цена не е сменета од 2015 година и изнесува 69 денари за изминат километар, додека цената на нафтата е 67 денари.

– Надоместокот не смее да го надмине износот потребен за покривање на трошоците настанати при вршење на дејноста (просечни вредности на трошоците за гориво, мазиво, гуми, одржување и поправки), реални трошоци – временски зависни трошоци (амортизација, осигурување и регистрација) и бруто-плата на вработените, плус добивка – се наведува во иницијативата.

Дополнителна причина се поголемата инфлација, растот на платите, резервните делови како и цената на гориовото.

Во иницијативата се вели дека доколку се зголеми цената, тие ќе можат да направат обнова на возниот парк кај приватните превозници, па автобусите со еуро 2 стандард да бидат заменети со понови, еколошки автобуси со минимум еуро 5 стандард, кои задолжително ќе поседуваат клими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro