Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски нјави дека ќе се прави регистар за жртвите од семејно насилство, а во него ќе бидат вмрежени сите надлежни институции, полицијата, Центрите за социјална работа, невладините организации. Во регистерот преку кој побрзо ќе се превенира во заштита на жртвите е планирано да се евидентираат и пријавените за семејно насилство. Велковски најави измена на законите кои ја регулираат областа и поголема кампања, особено во руралните подрачја каде и натаму се одмолчува малтретирањето.
,,Се носат документи кои не се спроведливи во праксата, ќе работиме во насока на поголема превенција на жртвите и засилена кампања, пред се исполнување на обврските од Истанбулската конвенција,,-изјави заменик министерот за труд и социјала Велковски
На конференцијата присуствуваа и преставници од надлежните министерства во регионот. Заменик министерот за човекови права во Србија, Нина Митиќ ја истакна потребата од регистер и во нејзината земја и фемицидот како кривично дело. Во Србија, според Митиќ , во последните десет години се случиле триста убиства на жени, жртви на семејно насилство.
Конференцијата е организирана од германската хуманитарна организација АСБ кои поддржуваат 11 прифатилишта за жртви на семејно насилство во регионот на Западен Балкан. (П.А)