Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава Сара Јо со роденденската торта таму каде што не ѝ е местото

Сара Јо со роденденската торта таму каде што не ѝ е местото

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Скандалозната пејачка со нов скандал!                                                                Провокативна и сексапилна пејачка Сара Јовановиќ, попозната кај публиката како Сара Јо, постојано скандалозно изненадува. Овој пат  со новата боја на коса, но и со серија роденденски секси-фотографии. Мошне безобразни, но тоа е Сара која не може а да не предизвика озборувачки моменти кај публиката.

Сара, која е во врска со танчарот Жиго Солтар, позира во бел фустан. Со исплазен јазик и раширени нозе меѓу кои ја има роденденската торта.

„Една година постара… и русокоса, има 31 година“, напиша таа во описот на фотографиите за која многумина коментираа дека не им се нормални, туку непристојни… Некои од фановите ѝ порачаа „своите долги нозе да ги шири на друго место, дома во креветот со дечкото Жиго, оној што го сака“. Но има и многу такви кои ја фалат:

Ти си најсекси жена на естрадата“, „Уф, што е ова Сара?“, „Многу си секси“, „Полека застани, ќе се онесвестам“, „Што и да е убаво ти стои таа бела торта“, се само дел од подобрите коментари на обожавателите на нејзините секси-фотографии.

Сара имаше одговор велејќи дека „кога ќе проработи Скорпијата во мене, се случуваат секакви работи. Скорпиите сакаат да се трансформираат и да уживаат во вакви секси промени“.  Д.М.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro