Почеток МАКЕДОНИЈА Филипче кон Мицкоски: Пред изборите Борисов го нарекувавте криминалец, а сега го фалите како партнер за нашите европски интеграции

Филипче кон Мицкоски: Пред изборите Борисов го нарекувавте криминалец, а сега го фалите како партнер за нашите европски интеграции

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во своето обраќање на собраниската седница за пратенички прашања, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини премиерот Христијан Мицкоски за политичко лицемерие и популизам.

Филипче потсети дека Мицкоски се противел на Преспанскиот договор а сега вели дека тој е ремек дело, а се осврна и на односите со Бугарија.

„Истото лицемерие го видовме и со вашиот однос кон бугарските политичари. Пред изборите, Борисов го нарекувавте криминалец, човек што спие на злато. Сега веднаш побрзавте да му честитате за победата и да го фалите како „партнер“ за нашите европски аспирации. Она што до вчера беше обвинување, сега е честитка и „пријателски разговор“. Вие, господине Мицкоски, го редефиниравте политичкото лицемерие и популизмот. Вашиот ’рбет се свитка, а вашите принципи паднаа“ порача Филипче.

Филипче во првото прашање го праша Мицкоски кој е неговиот конкретен план за одглавување на евроинтегративниот процес, но од страна на премиерот не доби конкретен одговор.

The post Филипче кон Мицкоски: Пред изборите Борисов го нарекувавте криминалец, а сега го фалите како партнер за нашите европски интеграции appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro