Републиканскиот кандидат Доналд Трамп се појави на митинг во Висконсин во камион за ѓубре, облечен во флуоресцентен елек, откако актуелниот претседател Џо Бајден изјави дека поддржувачите на републиканците се „ѓубре“.
Trump adorned garbage truck tailing his motorcade. https://t.co/FF82aUV16b pic.twitter.com/OF3vBxZGQY
— Jake Traylor (@jake__traylor) October 30, 2024
Тој ја праша толпата дали им се допаѓа камионот со кој дошол, и порача дека тоа го направил „во чест на Камала (Харис) и Бајден“, пренесе Си-Ен-Ен.
Неговата реакција доаѓа по контроверзниот коментар на актуелниот претседател Џо Бајден во одговор на коментарот на комичарот Тони Хинчклиф за Порторико обидувајќи се потоа да се доизјасни дека кога рекол ѓубре мислел на реториката на Трамп, а не на неговите поддржувачи, нагласувајќи дека таквото демонизирање на Латиноамериканците е неамериканско и навредливо.
TRUMP ARRIVES FOR CAMPAIGN RALLY IN A GARBAGE TRUCK!
“How do you like my garbage truck? This truck is in honor of Kamala and Joe Biden.”
“For Joe Biden to make that statement — it’s really a disgrace” pic.twitter.com/jA9nEQKvCg
— J Stewart (@triffic_stuff_) October 30, 2024
Трамп потоа ја коментираше изјавата пред своите следбеници на социјалните мрежи, истакнувајќи дека „250 милиони Американци не се ѓубре“, реферирајќи на зборовите на Бајден. Оваа ситуација дополнително ја зголеми тензијата помеѓу двата политички табора, пред претстојните избори закажани за 5ти ноември.
Според последните анализи двајцата претседателски кандидати водат мртва трка во борбата за гласови за поддршка на нивната кандидатура.