Почеток КУЛТУРА Ливерпул ќе плати 110 мил. евра за наследникот на Салах

Ливерпул ќе плати 110 мил. евра за наследникот на Салах

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Раководството на англискиот премиерлигаш Ливерпул во последните недели многу размислуваше кого да донесе како замена за египетскиот интернационалец, Мохамед Салах, а како што стојат работите, менаџерот Арне Слот го имаше последниот збор.

Имено, Ливерпул во следниот преоден рок ќе направи се за да го доведе крилото на Реал (М), Родриго, кој би бил директна замена за Мо Салах.

Бразилецот Родриго пристигна во Реал (М) во 2019 година од Сантос за околу 40 мил. евра, а за „кралскиот клуб“ досега одигра 227 натпревари.

Родриго игра навистина одлично во домашното првенство, а феноменален е и во Лигата на шампионите каде на вкупно 50 одиграни натпревари постигна 20 гола, а забележа и 13 асистенции.

И покрај тоа што Анчелоти смета дека Родриго е многу важен за неговиот тим, постои голема можност за негово заминување од Реал (М) поради преселбата на Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Родриго не се чувствува толку важен како порано, а наводно му рекол на Анчелоти дека сака да го напушти клубот, а кариерата би можел да ја продолжи на „Енфилд“.

Раководството на овој тим го идентификуваше како совршена замена за Салах, а за него ќе треба да платат околу 110 мил. евра.

Шпанските медиуми се тие кои тврдат дека Арне Слот го нашол идеалниот кандидат кај Бразилецот како замена за Мо Салах, но јасно е дека за него ќе мора да плати „дебела“ цена.

Лошата вест за Ливерпул е што е навистина тешко да се преговара со Реал (М), но единственото нешто што може да ги „спаси“ е тоа што самиот Родриго сака да го напушти клубот.

Салах не е единствениот кој би требало да го напушти „Енфилд“ следното лето и јасно е дека навивачите на Ливерпул ги очекува турбулентен период.

Имено, следното лето освен на Салах, договорот со Ливерпул им истекува и на Вирџил Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд кои веќе добија многу добри понуди.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro