Почеток ЕКОНОМИЈА Кинески производител на батерии се откажа од плановите за изградба на фабрики во Европа: Слаба побарувачка, трговска војна…

Кинески производител на батерии се откажа од плановите за изградба на фабрики во Европа: Слаба побарувачка, трговска војна…

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Можеби за кинеските производители на електрични автомобили и батерии, европскиот пазар во еден момент изгледаше како Алјаска за време на златната треска, но ништо слично. Барем засега.

Кинескиот производител на батерии за електрични возила SVOLT објави дека ќе ја затвори својата европска филијала во јануари и ќе се откаже од плановите за два производни погони. Причината е фактот што нема голема побарувачка за електрични возила. Исто така, на повидок е трговска војна меѓу ЕУ и Кина, така што тоа не е идеална клима за развој на бизнисот.

Со овој потег се откажуваат две планирани фабрики во Германија, за монтажа на модули и батерии во Сар и фабриката за производство на ќелии во Бранденбург. Планирано е производството да започне во 2025 година, а инвестициската вредност само во Сар е две милијарди евра.

SVOLT е осмиот најголем производител на батерии во Кина и досега не му оди премногу добро ниту таму. Кинескиот производител испорачува батерии за Citroen e-C3, а како потенцијален партнер се споменуваше и BMW.

The post Кинески производител на батерии се откажа од плановите за изградба на фабрики во Европа: Слаба побарувачка, трговска војна… appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro