Почеток СПОРТКошарка Судиите ја украдоа Звезда во Литванија

Судиите ја украдоа Звезда во Литванија

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

 Кошаркарот на Црвена ѕвезда, Немања Недовиќ ги обвини судиите за синоќешниот пораз од Жалгирис во Евролигата.

Црвена ѕвезда загуби во Каунас со 86:84. Српскиот клуб ги загуби првите две четвртини и се врати во вториот дел по двоцифрена негатива. Судбината на мечот ја реши Брајант Данстон со кош постигнат со звукот на сирената.

-Се вративме и имавме шанса да поведеме, но тогаш овие тројца момци навистина се вмешаа во натпреварот. Одамна не сум учествувал на ваков натпревар, изјави Недовиќ.

Тој натпреварот го заврши со 15 поени и пет асистенции.

Жалгирис е на второто место во поредокот во Евролигата со биланс 5-1 (победи-порази). Црвена ѕвезда падна на 12. позиција со биланс 3-3

The post Судиите ја украдоа Звезда во Литванија appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro