Почеток СПОРТ Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Битолски Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа во ракометната Лига на шампионите, вклучително и минатата сезона денешниот триумф доаѓа по 20 натпревари. Вечерва во Данска, битолчани го победија вицепрвакот на Данска, тимот на Федериција со 25:23 (9:12).

Голманот Никола Митревски блескаше на голот, собра 15 одбрани и беше најдобриот играч на теренот.

Пелистер одигра повторно лошо во првото полувреме, па во финишот дозволи домашниот тим да се одлепи на разлика од 3 гола.

Во вториот дел Митревски блескаше на голот, а тоа во нападот знаеја да го наградат неговите соиграчи.

Кузмановски со пет гола беше прв стрелец кај Еурофарм, а по четири постигнаа Пешевски и Хосни.

Во составот на Фредериција, Андерсен даде четири гола.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е на 20. ноември кога во Битола гостува токму Фредерција.

Текстот Еурофарм Пелистер првпат славеше во ракометната ЛШ е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro