Почеток СПОРТРакомет Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ

Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ

republika.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер, ја забележаа првата победа во Лигата на шампионите. Битолчани славеа во Данска против Фредериција со 25:22, откако во вториот дел го надигра скандинавскиот тим. „Фармацевтите“ одлично одиграа во одбрана, а посебно се истакна Митревски со 15 одбрани. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец со пет голови, додека Жарко Пешевски постигна четири погодоци.

Македонскиот тим по седум одиграни кола има три освоени бодови и се наоѓа на шестата позиција во групата А, односно пред Висла Плок и Фредериција кои имаат по два бода.

Екипата од Битола со вечерашниот триумф ја прекина серијата која траеше цели 19 години, откако претходно славеа против Кадетен Шафхаузен на 8 октомври 2005 година со 32:31.

The post Еурофарм Пелистер го почувствува вкусот на победата во ЛШ appeared first on Република.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro