Почеток МАКЕДОНИЈА Опозициските пратеници добиваа плус два часа пратенички прашања

Опозициските пратеници добиваа плус два часа пратенички прашања

racin.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со новиот собраниски Деловник, пратениците од опозицијата на наредна нова редовна седница ќе добијат простор од два часа за поставување на пратенички прашања.

Според претседателот на Собранието, Африм Гаши, така ќе биде секој месец. Деловникот, кој произлезе од дијалогот Жан Моне, ја предвидува можноста, доколу не биде закажана нова редовна седница, да биде свикана посебна седница, на која опозициските пратеници ќе можат на министрите да им поставуваат прашања.

Според Деловникот, пратениците од опозицијата ќе треба прашањата да ги најават пет дена порано од денот на одржувањето на седницата, за да може министрите навреме да бидат информирани. На овие седници не е потребно да присуствува целата Влада, туку само министрите на кои им се поставува прашањето.

Собранието денеска ја одржи 18. седница, на чиј дневен ред беа пратенички прашања, први на новиот парламентарен состав по конституирањето на 28 мај годинава.

Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први ги поставуваат пратениците од опозицијата

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro