Почеток СВЕТ ПРОТЕСТ ВО ГРЦИЈА: Полицијата со солзавец, шок бомби и водени топови „го изгаси“ незадоволството на сезонските пожарникари

ПРОТЕСТ ВО ГРЦИЈА: Полицијата со солзавец, шок бомби и водени топови „го изгаси“ незадоволството на сезонските пожарникари

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со солзавец, шок бомби и топови вода, грчката полиција синоќа интервенираше пред и во објектот на Министерството за цивилна заштита на Грција, против сезонските пожарникари, кои од претпладнето излегоа на протест, а сигурно се повредени најмалку две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Сезонските пожарникари, кои бараат вработувања и работа во текот на целата година, организираа собир пред надлежното Министерство, попладнево успеаја да влезат во објектот, по што интервенираше полицијата и со употреба на сила и солзавец, како што самите објавија на социјалните мрежи, да ги растера.

Следеа сериозни инциденти и пред Министерството во населба во северниот дел на Атина.

Од грчката полиција соопштија дека „по завршувањето на средбата на претставници на сезонските пожарникари со претставници на Министерството, во вечерните часови останаа во зградата на Министерството, а по комуникација со надлежниот обвинител им беше даден рок да си заминат“, но и дека не напуштиле објектот, нанеле штета и фрлале предмети кон полицајците, „при што е повреден полициски службеник“.

Сезонските пожарникари најавија дека утре ќе одржат нов протест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro