Почеток БАЛКАН Млад фудбалер (21) и неговата девојка (20) починаа во несреќата во Нови Сад

Млад фудбалер (21) и неговата девојка (20) починаа во несреќата во Нови Сад

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Меѓу загинатите во несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога се урна дел од настрешницата, се и 21-годишниот Милош Милосављевиќ и неговата 20-годишна девојка Анѓела Руман.

Милосављевиќ играше фудбал, а неговиот клуб Потисје со емотивна порака се прости од него и неговата девојка. Оваа порака ја објави клубот од Кничанин во Србија.

„Со голема тага и неопислива болка ја известуваме јавноста дека нашиот соиграч, пријател и брат Милош Милосављевиќ Киви (21) и неговата девојка Анѓела Руман (20) ги загубија животите во страшна несреќа во Нови Сад. Ќе го објавиме датумот и времето на комеморацијата и погребот во догледно време. Почивајте во мир, ангели, никогаш нема да бидете заборавени“, соопштија од клубот со заедничката фотографија на Милош и Анѓела.

Освен Милош и Анѓела, кога се урна дел од фасадата на Железничката станица во Нови Сад, загинаа уште 12 лица, а има многу повредени.

Поради оваа трагедија во Србија веднаш беше прогласен ден на жалост.

Текстот Млад фудбалер (21) и неговата девојка (20) починаа во несреќата во Нови Сад е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro