Почеток МАКЕДОНИЈА Двајца осомничени за ранувањето на 19-годишно момче од Скопје

Двајца осомничени за ранувањето на 19-годишно момче од Скопје

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во врска со кривично дело „убиство” предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од КЗ, случено на 5.10.2024 на ул.„ Цветан Димов” во Скопје,
при што со повреда од огнено оружје се здобил А.Б.(19), од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се голем број на мерки и истражни дејствија и случајот е расчистен, извести МВР.

„Денеска од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело “убиство” казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ“, тврди полицијата.

Текстот Двајца осомничени за ранувањето на 19-годишно момче од Скопје е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro