Почеток МАКЕДОНИЈА Педесетгодишен маж им подлегна на повредите во пукањето во Арачиново, 19-годишно момче се бори за живот

Педесетгодишен маж им подлегна на повредите во пукањето во Арачиново, 19-годишно момче се бори за живот

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ вечерва примени се двете повредени лица во инцидентот што се случи во скопско Арачиново.

Еден од повредените починал, додека пак второто лице веднаш е примено во Одделот за интензивна нега, направена е дијагностика и ќе биде извршена хируршка интервенција, велат за МИА од Ургентниот центар.

Тие информираат дека починатиот пациент е на 50-годишна возраст, а другиот е 19-годишен.

„Заради сериозноста на состојбата на 50- годишниот пациент, веднаш е извршена реанимација, но за жал и покрај сите напори на дежурните медицинските тимови, кај овој пациент настапила смрт“, посочуваат од Ургентниот центар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro