Почеток МАКЕДОНИЈА Доаѓа вистинска есен, ќе опаѓаат температурите: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНО ВРЕМЕ!

Доаѓа вистинска есен, ќе опаѓаат температурите: ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СТУДЕНО ВРЕМЕ!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела, соопшти УХМР.

Во Скопје утре наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува.Следните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro