Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава (Видео) Јапонски тапани грмеа во Македонската филхармонија, публиката во транс

(Видео) Јапонски тапани грмеа во Македонската филхармонија, публиката во транс

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Јапонската група „Вадаико саи“, која ја сочинуваат млади музичари, кои свират на јапонските таико тапани, синоќа во Македонската филхармонија во Скопје ја крена публиката на нозе, која беше воодушевена од нивниот енергичен настап.

Освен што свиреа прекрасно, одлично комуницираа и со публиката на која и подарија и нивна верзија на македонската химна „Денес над Македонија“.

Групата со настапи започнала во 2013 година, а досега настапила во над 30 земји и имала над 2.000 настапи.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Јапонија, во рамки на обележувањето на 30 години од пријателството на Македонија и Јапонија.

Фото: Фејсбук/Вадаико саи

The post (Видео) Јапонски тапани грмеа во Македонската филхармонија, публиката во транс appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro