Почеток Обвинителство отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ

Обвинителство отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Основното јавно обвинителство – Скопје отвори предистражна постапка за назначувањето на Бојан Христовски за прв човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), по наводите во јавноста дека сертификатот за положен испит за познавање англиски јазик е стекнат лажно, заради потребите да конкурира на функцијата.

Од Основното јавно обвинителство – Скопје информираа дека до нив се доставени две анонимни кривични пријави, па ги споиле во една и ја распоредиле кај јавен обвинител, на постапување.

Предистрагата се однесува на сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ, кој Христовски го добил од бугарската школа „Јулија“, со седиште во градот Пловдив. Обвинителството и претходно има постапувано по слични предмети, за кои веќе има и изречени пресуди поради признавање вина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност

The post Обвинителство отвори предистражна постапка за назначувањето на Христовски за прв човек на АНБ appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro