Најмалку 14 лица загинаа во Нови Сад, Србија, откако се урна бетонска настрешница на железничката станица, која неодамна била реновирана.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ очекува дека бројката на загинати ќе се зголеми, бидејќи како што изјави, се работи за многу тешка и масивна конструкција, што е многу тешко да се подигне и да се стигне до повредените.
Помеѓу загинатите е и шестгодишно дете.
Тројца повредени се префрлени во Клиничкиот центар и се во животозагрозувачка состојба.
Поради несреќата, во Србија утре е прогласен за Ден на жалост.
Corruption kills.
Today in Novi Sad— Aleksandra Tomanic (@AleksTomanic) November 1, 2024
The post (Видео) Најмалку 14 лица загинаа при уривање на бетонска настрешница на железничка станица во Нови Сад appeared first on еМагазин.