Почеток ЕКОНОМИЈА Тунелот да го гради еден изведувач, да се преиспита цената и Бугарија да го изгради својот дел од пругата, било договорено во Софија

Тунелот да го гради еден изведувач, да се преиспита цената и Бугарија да го изгради својот дел од пругата, било договорено во Софија

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување, информираат од Министерството за транспорт.

„Имено, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект.

По проценката на ризиците, изградбата на тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија е поефикасно да биде од еден изведувач. Ова беше заклучено на состанокот во Софија помеѓу македонската и бугарската делегација, а во однос на преговорите за железничко поврзување меѓу двете земји со посредство на Европската Унија,“ се вели во соопштението.

На состанокот од двете страни било прифатено целиот проект во делот фаза 3 (делница Крива Паланка – Деве Баир), да биде преиспитан од причина што сегашната цена е превисока и неразумна со интенција истата да се намали.

Двете делагции, исто така се согласиле да се користи одлуката за технички проект за тунелот поднесен од ЈП Железници Инфраструктура.

„На состанокот беше договорено двете земји да формираат работни групи со цел да се подготви потребната документација за тунелот.

За време на состанокот, страните разменија информации, временски рамка за изградба, а споделија и искуства во однос со техничките прашања за изградбата на коридорот 8, а посебно во делот на процедурите за идното функционирање на прекуграничниот тунел „Деве Баир“.

Страните, исто така се договорија постигнатите договори да ги презентираат пред одговорните финансиски институции на ЕУ, се вели во соопштението на ресорното министерство,“ се додава во соопштението.

На состанокот, од македонската страна предводена од Државниот секретар во Министерството за транспорт, Стефан Волкановски и директорот на Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, било истакнато дека Македонија не отстапува од железничкото поврзување и на овој проект се гледа како регионален проект со кој се потенцира развојот на европските транспортни мрежи.

Фото: Влада

The post Тунелот да го гради еден изведувач, да се преиспита цената и Бугарија да го изгради својот дел од пругата, било договорено во Софија appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro