Почеток ЕКОНОМИЈА Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал

Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Витаминка АД Прилеп во третиот квартал остварила добивка по оданочување во висина од 36,160 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 58%, информираше компанијата преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2024 година изнесуваат 2,650,211 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 8%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2023 година се поголеми за 7%.

Остварените единечни вкупни расходи во деветмесечието од 2024 година изнесуваат 2,490,295 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во деветмесечието од 2024 година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка со зголемена добивка во првото полугодие

За менаџментот на Витаминка лани 41,1 милиони денари

The post Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro