Почеток МАКЕДОНИЈА Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Од Обвинителството објавија детали за вчерашното убиство во скопско Арачиново.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Арачиново, каде во оружен инцидент едно лице е лишено од живот, а уште едно е потешко повредено.

Се преземаат сите дејствија за расчистување на настанот. Од лице место се подигнати траги и материјални докази, обезбедени се и се прегледуваат снимки од видео надзор, на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Првичните сознанија упатуваат на нерасчистени должничко-доверителски односи како можен мотив на сторителите, од кои едниот е лишен од слобода, а по другиот се трага“ соопштуваат од Обвинителство.

Според МВР на 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.

Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „ауди”, известија надлежните.

Текстот Обвинителство: Можниот мотив за вчерашното убиство во Арачиново се должничко доверителски односи е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro