Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, има намера да ја посети Малта во декември 2024 година. Toa ќе биде негова прва посета на земја од Европската Унија од почетокот на специјалната операција во Украина.
Информацијата ја соопшти официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
За време на посетата на Малта, Лавров ќе учествува на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.
Лавров во повеќе наврати изјавува дека обидите на западните земји да ја изолираат Русија и да ја намалат нејзината улога на светската сцена се покажуваат како неуспешни. Тој нагласува дека повеќето земји во светот избираат во корист на здравиот разум и не го следат водството на Западот.
The post Лавров во декември ќе посети земја од ЕУ за првпат од почетокот на војната appeared first on Република.