Почеток КУЛТУРАСцена Некогаш најубавата актерка на светот целосно се променила: Непрепознатлива е поради естетските зафати

Некогаш најубавата актерка на светот целосно се променила: Непрепознатлива е поради естетските зафати

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Француската актерка и пејачка Изабел Аџани беше позната како една од најубавите и најталентираните актерки, но нејзиниот изглед многу се променил.
И покрај тоа што на 69-годишна возраст се уште привлекува внимание со својот изглед, овојпат поради последиците од естетските операции со кои претерала.
Таа беше позната по својата природна убавина во младоста, а многумина ја рангираа меѓу најубавите актерки на сите времиња. Но, со текот на времето и таа стана дел од трендот на естетски третмани, поради што нејзиното лице е толку променето поради што многумина повеќе не ја препознаваат.

Изабел се прослави со улогата во филмовите „Кралицата Марго“, „Приказна за Адел Х“, „Носферату: Фантом на ноќта“, „Дијаболик“ и други, а благодарение на нејзината егзотична убавина набрзо стана меѓународна ѕвезда.
За време на нејзината кариера, таа освоила бројни признанија и награди за нејзината работа и во европски и во холивудски филмови, но никогаш не сакала да го споделува својот приватен живот со јавноста и нејзините фанови.
Актерката неодамна ја снимила серијата „Совршен пар“ со Никол Кидман и Лив Шрајбер за Нетфликс. Во серијата, иконата на францускиот филм го прикажува ликот на пријател од семејството Винбери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mag Malauz (@nelsonmelody)

Нејзината животна приказна изгледа како нешто од филм, почнувајќи од раното детство обележано со сиромаштија во предградијата на Париз. Таткото на актерката бил строг и конзервативен имигрант и ја терал постојано да учи и ја спречувал да го погледне сопствениот одраз во огледалото. Поради ова, таа морала неколку години да оди на терапија за да научи да ја прифаќа сопствената убавина, што самата го открила во едно од интервјуата. Животот на Изабела се сменил кога имала 14 години и кога била забележана на париските улици од филмски агент, со што започнала нејзината успешна кариера.

Фото: Принтскрин/Instagram

The post Некогаш најубавата актерка на светот целосно се променила: Непрепознатлива е поради естетските зафати appeared first on ekran.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro