Почеток МАКЕДОНИЈА Димитров добил вербални закани додека пазарел

Димитров добил вербални закани додека пазарел

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Екс-шефот на македонската дипломатија и претседател на невладината „Солуција“, Никола Димитров денеска информира дека лично бил нападнат со вербални закани од страна на лице кое што не го познава. Објави дека случајот го пријавил во полициска станица, со оглед дека, како што истакна, „кога критиката е изблик на вербална или физичка агресија, мора да се реагира“.

-Јас сум добро, самиот инцидент не сакам ни да го коментирам, си бркаат работа органите на редот, ама очигледно не е добра македонската демократија и тоа си заслужува коментар, стои меѓу другото во објавата на Димитров.

Поранешниот министер забележува дека секојдневно гледаме како извира омраза од партиите, од ботовите, од медиумите…Бара да се воспостави одговорност и ред, инаку, како што пишува, „сите ќе се удавиме во примитивизам“.

The post Димитров добил вербални закани додека пазарел appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro