Почеток Скопје Асфалтирање на краци од улица „500“ и улица „531“ во Марино, општина Илинден

Асфалтирање на краци од улица „500“ и улица „531“ во Марино, општина Илинден

Курир
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со градежната експанзија која се одвива со засилено темпо во населените места, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Денес се асфалтирани два крака 6 и 7 од улица “500“ во Марино со вкупна должина од 280 метри. Покрај асфалтирањето на овие два крака, се асфалтираше и еден крак од улица „531“ во должина од 50 во населено место Марино.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека Општина Илинден посветува големо внимание на одржувањето на патната инфраструктура. Овие улици претходно беа оштетени поради изградбата на фекална канализација, а сега се асфалтираат со цел подобрување на патната инфраструктура и квалитетот на животот на граѓаните.

Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro