Амбасадата на Република Србија во Скопје соопшти дека во нејзините простории, на ул. „Питу Гули“ 8, за јавноста е отворена Книга на жалост за трагедијата што вчера се случи во Нови Сад.
Македонските граѓани може да го изразат своето сочувство во Книгата на жалост од денеска до 4 ноември, од 12 до 18 часот.
Денеска е Ден на жалост во Србија, а во Нови Сад е прогласена тридневна жалост.
При пад на бетонска настрешница на железничката станица, која беше реновирана неодамна, загинаа 14 лица, а три лица се уште се во критична состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонецот Васко Саздовски меѓу загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад
The post Амбасадата на Република Србија во Скопје отвори Книга на жалост, поради трагичниот настан во Нови Сад appeared first on еМагазин.