Почеток СПОРТ (ВИДЕО) Тајсон на 58 години е во топ форма, обожавателите му се восхитуваат, подготвен е за борба со јутјуберот

(ВИДЕО) Тајсон на 58 години е во топ форма, обожавателите му се восхитуваат, подготвен е за борба со јутјуберот

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Мајк Тајсон, познатиот боксер, со месеци се подготвува за борбата против Џејк Пол, познат јутјубер.

Нивниот боксерски меч е закажан за 15 ноември во Тексас.

Борбата првично беше закажана за 20 јули, но беше одложена поради здравствените проблеми на Тајсон.

Судејќи по видеата од социјалните мрежи, Тајсон сега е во одлична форма, а едноставно е неверојатно како изгледа човекот на 58 години.

Познатиот боксер редовно објавува видеа од својот тренинг, а бројните фанови ширум светот се воодушевени од неговиот изглед и способности на таа возраст:

Во својата професионална кариера Тајсон имаше 58 натпревари и 50 победи со шест порази и две нерешени. Тој се смета за еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.

Текстот (ВИДЕО) Тајсон на 58 години е во топ форма, обожавателите му се восхитуваат, подготвен е за борба со јутјуберот е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro