Почеток ЕКОНОМИЈА ЗК Пелагонија со намалени приходи и добивка во третиот квартал

ЗК Пелагонија со намалени приходи и добивка во третиот квартал

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

ЗК Пелагонија АД Битола во првите девет месеци од годинава остварил добивка во износ од 7.574 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Во анализираниот пресметковен период на финансиските извештаи во деловната 2024 година остварени се оперативни приходи на износ од 686.392 илјади денари, и истите бележат намалување од 19 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 79 % од вкупните оперативни приходи или износ од 540.946 илјади денари.

Приходите од продажба се намалени во однос на претходната деловна година  за 18%.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 121.916 илјади денари учествуваат со 18 %  во вкупните оперативни приходи .

Остварените оперативни расходи заклучно со 30.09.2024 година опфаќаат износ од 650.974 илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 35.418 илјади денари или за 5 %.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 23.107 илјади денари.

Финансиските приходи во анализираниот период изнесуваат 10 илјади денари, а финансиските расходи изнесуваат 4.747 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првото полугодие

ЗК Пелагонија лани со добивка

The post ЗК Пелагонија со намалени приходи и добивка во третиот квартал appeared first on еМагазин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro