Почеток МАГАЗИН - ЗАНИМЛИВОСТИЗабава ДВА ДЕНА ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Лекарите се борат за животот на повредените, никој се уште не презеде одговорност!

ДВА ДЕНА ПО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД: Лекарите се борат за животот на повредените, никој се уште не презеде одговорност!

vecer.press
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Состојбата на повредените во сообраќајката во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и рече дека во саботата во врска со несреќата биле сослушани 26 лица, а денеска ќе бидат сослушани уште пет.

Повредените, вчера биле повторно оперирани, а операциите им биле долги и тешки, јавува Н1.

И министерот за градежништво Горан Весиќ вчера даде исказ пред судот во својство на граѓанин, а јавноста сега очекува информации за тоа како напредува истрагата од главниот јавен обвинител на Вишото обвинителство во Нови Сад.

Вчера на местото на несреќата беа и стручни лица од Машинскиот факултет кои земаа примерок од челикот од арматурата.

Тие треба да утврдат колкав бил отпорот и оптоварувањето на материјалот.

Досега, како што потсетува Н1, се уште никој не ја прифатил одговорноста, никој до овој момент не понудил ниту поднел оставка поради трагичниот настан што се случи во петокот во Нови Сад.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro