Општина Бутел е рангирана на првото место како најтранспарентна општина во Скопскиот регион. Ова го покажа извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Агенцијата изврши проверка на објавените документи и информации кои општините и центрите за развој на плански региони како иматели на информации се обврзани да ги објавуваат на своите веб-страници.
– Мониторингот е фокусиран на проверка на категориите на информации што треба редовно и ажурирано да се објавуваат на веб- страниците на имателите на информации од јавен карактер согласно одредбите на член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер – соопштија од Општина Бутел.