6
Општина Ѓорче Петров партерно го уреди новото фудбалско игралиште во ООУ „Димитар Попо Беровски“.
-Континуирано сме посветени на подобрување на условите за спорт и рекреација на нашите најмлади – соопштија од локалната самоуправа.
Оттаму најавуваат дека ќе следи реконструкција и на ракометното игралиште, со што, како што велат, Ѓорче Петров ќе добие уште еден спортски центар.