Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски тврди дека нема трагедија од внесувањето на шест малцинства во Уставот, покрај бугарското, што е дел од Преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.
-Од кога излезе проблемот, постојано сум кажувал дека проблемот самите го правиме. Нема драма, сама ја правиме. Патот на Македонија кон ЕУ не бил никогаш идеален, но сега чувствувам тотална закоченост, тотално наоѓање во слепа улица. Не гледам многу простор за оптимизам. Самите си го правиме проблемот, но, не гледам зошто. Оваа Влада вика вака: не може и не прифаќаме, но, треба да ни кажат како може. Треба да ни објаснат како може. Сметам дека има простор за брза промена во политиката, со оглед дека нема трагедија во приказната, рече Георгиевски во во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.
Екс-лидерот на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека неговата поранешна партија сега ја предводи „најпросрпската Влада што постои во Македонија, дури може и повеќе од времето на Лазар Колишевски“.
-Кај Колишевски имаше црвена линија за Македонија под српска окупација до 1941 година. Конечно забораваме дека дека Кочо Рацин своите песни за тешкиот живот на Македонците ги пишувал во кралска Југославија, така? И многу други примери, вели меѓу другото, Георгиевски.
The post Георгиевски: Нема трагедија од уставните измени, самите си го правиме проблемот appeared first on Локално.