Јаневска укажа и дека министерството не може да знае кои и какви учебници недостасуваат во секое училиште, ако училиштата не дадат информација.
„На крајот на секоја учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници од претходната година. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатат и откупуваат“, одговори министерката.
За искинатите учебници, Јаневска дообјасни и дека дополнителен проблем што го соопшти една општина, е тоа што сакајќи да ги заштитат граѓаните да не плаќаат од 10 до 70 проценти од цената при враќање на оштетен учебник, училиштата не ги пријавувале.