Почеток СВЕТ Молдавски функционер тврди: Русија се меша во вториот круг од претседателските избори

Молдавски функционер тврди: Русија се меша во вториот круг од претседателските избори

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Молдавските власти се сведоци на „огромно мешање“ на Русија во вториот круг од претседателските избори, изјави советникот на претседателката за национална безбедност Станислав Секриеру.

Актуелната проевропска претседателка Маја Санду се кандидира за втор мандат, но не успеа да обезбеди апсолутно мнозинство во првиот круг од гласањето пред две недели.

„Напори со голем потенцијал за извртување на исходот (од изборите)“, напишал тој на „X“, зборувајќи за наводното руско мешање.

Претседателката во заминување, која се отцепи од прегратките на Москва и го забрза пристапот на нејзината земја кон Европската унија, во вториот круг се соочува со Александар Стојаногло, поранешен главен државен обвинител и кандидат на традиционално силната Социјалистичка партија на прорускиот екс-претседател Игор Додон.

Педесет и двегодишната Санду освои 42,45 отсто од гласовите во првиот круг од изборите пред две недели, водејќи меѓу вкупно 11 кандидати. Стојаногло беше на второ место со 25,98 отсто од гласовите. И покрај значајната разлика меѓу Санду и Стојаногло, исходот од вториот круг гласање во недела се смета за неизвесен.

Пред две недели Санду закажа референдум за воведување на ориентацијата на земјата кон ЕУ во Уставот, кој едвај го помина цензусот. Полицијата се обиде да го спречи купувањето гласови, стратегија за која властите тврдат дека во првиот круг ја користел бегалскиот проруски олигарх Илан Шор.

Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Молдавија, а Шор, исто така, негира дека сторил нешто лошо. Тој живее во Русија и отворено ги повика луѓето на социјалните мрежи да гласаат против Санду, ветувајќи им исплата доколку ги следат неговите упатства.

Санду тврди дека мешањето во првиот круг од изборите влијаело на конечниот резултат и дека Шор направил се за да ги купи гласовите на 300.000 луѓе, што е повеќе од 10 отсто од населението во земјата.

The post Молдавски функционер тврди: Русија се меша во вториот круг од претседателските избори appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro