Селекторот македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, ги собр репрезентативците за квалификацискиот циклус, за мечевите со Естонија и Литванија, за настап на Европското првенство во 2026 година.
Покрај повредите на десната крилна позиција на браќата Костески и неможноста Поповски да дојде на овој собир, го нема ниту Јагуриновски кој има проблем со грбот, па повик доби Давид Савревски.
Во составот ги нема поискусните Никола Митревски и Филип Талески, а селекторот го објасни нивното отсуство.
„Ние сме во процес на подмладување на репрезентацијата што трае подолго време и треба да го користиме секој момент на овие млади играчи да им дадеме шанса. Искрено, сакав да ги видам на дело и другите голмани, на еден собир, низ тренинзи и натпревари, да видам како ќе делуваат и функционираат кога зад грб ќе немаат еден врвен чувар на мрежата како што е Митревски.
Што се однесува до Филип Талески, неговите квалитети ми се познати, но на последните настапи за репрезентацијата не се покажа во доволно квалитетно издание. Затоа за овие два натпревари ќе се обидеме со други опции, а шанса ќе добијат помлади играчи како Павле Атанасијевиќ. Тоа е во моментов, но не значи дека вратата за Талески е затворена“, вели Лазаров.
Македонија ќе ги одмери силите со Естонија на домашен терен на 6. ноември, а четири дена подоцна ќе и гостува на Литванија