Почеток (Видео) Земјотрес на Халкиди ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес и Кавадарци

(Видео) Земјотрес на Халкиди ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес и Кавадарци

еМагазин
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики, Грција, вчера ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес и Кавадарци.

По него следеше уште еден со јачина од 4,3 степени.

Епицентарот на земјотресот кој се случи во 18.03 часот по македонско време бил во Егејското Море, на длабочина од 15,9 километри, 12 километри југозападно од Неа Мудања, а истиот беше почуствуван и во Солун.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираа од.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Видео: Скај ТВ

The post (Видео) Земјотрес на Халкиди ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес и Кавадарци appeared first on еМагазин.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro