Почеток СВЕТ Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск

A1on
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Властите во Киев соопштија дека првите севернокорејски војници во областа Курск биле под украински оган.

-Првите севернокорејски војници кои беа распоредени во пограничниот регион Курск за да и помогнат на руската армија влегоа во борба со украинските вооружени сили, објави шефот на одделот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Андреј Коваленко, пренесува Unian.

„Првите членови на севернокорејската армија веќе се на удар во областа Курск“, рече Коваленко, не соопштувајќи повеќе детали за нападот.

Текстот Украина го изврши првиот напад врз севернокорејските војници во областа Курск е превземен од А1он.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro