Почеток СПОРТ ФИА парично ги казни Норис и Расел

ФИА парично ги казни Норис и Расел

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е предупреден и казнет поради неправилниот старт за време на трката за Големата награда на Формула 1 во Бразил, откако пред време го започна загревачкиот круг, пред да се вклучат зелените светла за стартот на патеката Интерлагос.

Истото го направи и Џорџ Расел од Мерцедес кој стартуваше од втората позиција. Двајцата беа предупредени по трката и казнети со по 5.000 евра за грешката, објави „Скај Спорт“.

Возачите на РБ, Јуки Цунода и Лиам Лосон, исто така беа под истрага за истиот прекршок, но тие не беа казнети, бидејќи беше оценето дека биле под влијание на возачите пред кои беа пред нив, Норис и Расел.

Текстот ФИА парично ги казни Норис и Расел е превземен од МАКФАКС.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro