Дванаесет планинари од тетовскиот регион, кои се изгубиле во планините над селото Пршовце, беа пронајдени во добра здравствена состојба од полицијата. Тие биле пренесени на преглед во Клиничката болница во Тетово.
Во 22:10 часот на 3-ти ноември, по организирана потрага, полициските службеници од СВР Тетово ги лоцираа планинарите, кои потекнуваат од селата Боговиње, Лисец, Раковец, Пршовце и Тетово.
Претходно, во 21:30 часот, жител на Боговиње, А.Р., пријавил дека не може да воспостави контакт со групата, која се упатила кон „Доброшки езера“. Последен пат, тие се јавиле од локацијата „Три Чешми“, во близина на косовската граница.
Сите пронајдени лица се пренесени во тетовската болница за проверка на нивната здравствена состојба.