Почеток Деца ги нападнале родителите, жена натепана од партнерот – нови случаи на семејно насилство во Македонија

Деца ги нападнале родителите, жена натепана од партнерот – нови случаи на семејно насилство во Македонија

Макфакс
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Во текот на вчерашниот ден, во полицијата биле пријавени три случаи на семејно насилство.

Според информациите од МВР, 22-годишна жена од Косово пријавила дека околу 02.30 часот во домот на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер В.А..

Истовремено 67-годишна жена пријавила дека истотака во Гази Баба била физички нападната од нејзината ќерка Д.С., која употребила и тврд предмет и оштетила дел од покуќнината.

Сличен случај е пријавен и во штипската полиција, каде е поднесена кривична пријава против Љ.Н.(57) од селото Габрово, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Пријавениот во неколку наврати физички го нападнал својот татко, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Текстот Деца ги нападнале родителите, жена натепана од партнерот – нови случаи на семејно насилство во Македонија е превземен од МАКФАКС.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro