Почеток МАКЕДОНИЈА МЕЏИТИ: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

МЕЏИТИ: Приоритетни инвестиции за безбедност и управување со отпад во депонијата Дрисла

denesen.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити заедно со директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Дрисла“ Ненад Јосевски ја посетија депонијата „Дрисла“. При оваа посета се разговараше за важноста на инвестициите во депонијата, со цел таа да биде целосно функционална и да нуди побезбедни и поефикасни услуги.

Министерот Меџити ја нагласи потребата од заградување на депонијата пред се од безбедносни причини, а со тоа ќе се овозможи заштита на животната средина и јавното здравје. Тој нагласи дека потребните инвестиции ќе помогнат да се подобрат условите за работа и ќе се придонесе за подобро управување со отпадот во регионот.

Оваа посета ја истакна посветеноста на Владата за подобрување на управувањето со отпадот и обезбедување почиста и поздрава животна средина за граѓаните.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro