Почеток МАКЕДОНИЈА ВМРО-ДПМНЕ: Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот

ВМРО-ДПМНЕ: Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот

Локално мк
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.

Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.

Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот appeared first on Локално.

Можно е и ова да ти се допаѓа

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro