Почеток Нашето богато културно наследство беше промовирано на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам – 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум Италија

Нашето богато културно наследство беше промовирано на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам – 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум Италија

ekran.mk
0 коментари
A+A-
Ресетирај

Управата за заштита на културното наследство во рамките на своите активности го промовираше богатото културно наследство што го поседуваме на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам – 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум Италија.

На саемот беа презентирани ексклузивни публикации во издание на Управата за заштита на културното наследство, како и виртуелна прошетка низ повеќе археолошки локалитети и цркви од земјава (Стоби, Хераклеја, Стибера, Цареви Кули, Бонче, Билазора, Виничко Кале, како и најпознатите манастири Зрзе, Трескавец, Курбиново; Шарената џамија и други), кои, благодарејќи на соработката со невладината организација Концепт за култура Скопје, ѝ беа отстапени на УЗКН за овој настан.

Инаку, на саемот учествуваа над 40 земји од светот со кои Управата оствари контакти за понатамошна соработка во делот на заштитата и промоцијата на богатото културно наследство што го поседуваме.

The post Нашето богато културно наследство беше промовирано на еден од најпрестижните саеми за археологија и туризам – 26. Медитеранска берза за туризам и археологија во Пестум Италија appeared first on ekran.

2024 – All Right Reserved. Designed and Developed by infobiro