Во првите девет месеци од годинава Кристал 1923 АД Велес остварил добивка во износ од 11.636 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имаше загуба во износ од 26.096 илјади денари, информираат од таму преку Македонската берза.
-За девет месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 570.343 илјади денари и во однос на лани за истиот период се намалени за 9%.
Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени.
Расходите за девет месеци оваа година изнесуваат 558.708 илјади денари и во однос на претходната година се намалени за 15%.
Од наведеното може да се заклучи дека добивката произлегува поради зголемување на приходите во однос на трошоците, велат од таму.
The post Велешки Кристал 1923 со добивка во третиот квартал appeared first on еМагазин.